Арифи: Го решивме проблемот со дивата депонија

Од:

Кандидатката за градоначалничка на општина Тетово предложена од ДУИ Теута Арифи денеска одржа средба со претставници од невладини организации на местото од поранешната дива депонија и претоварна станица за смет на влезот во Тетово, при што посочи дека го одржала нејзиниот збор даден пред четири години за време на тогашната изборна кампања рекла дека по нејзиниот мандат разликата ќе биде видлива разликата во однос на она што било претходно.

– Овој простор што долго време беше користен како претоварна станица, а потоа и се претвори во дива депонија сега е целосно исчистен, дезинфициран и ќе се развива согласно веќе донесениот детален урбанистички план. За оваа цел ние работевме напорно најпрво со стабилизирање на јавното комунално претпријатие што пред четири години го затекнавме во многу незавидна состојба, потоа со ставањето во погон на транфеср станицата на патот за Требош и отпочнувањето со градба на објкетот за секундарно рециклирање на сметот во правец на Фалиште. Со добиената помош од Владата и конечно ја расчистивме претоварната станица, рече Арифи.

Таа потенцираше дека овие се долгорочни решенија што заедно со решавањето на статусот на регионалната депонија во гостиварско Русино ќе придонесат овој простор никогаш повеќе да не стане огромна дива депонија.

Потенцира дека според завршените процедури околу деталниот урбанистички план делот од земјиштето во државна сопственост ќе биде наменето за зелени површини, а делот што е во приватна сосптвеност ќе се користи согласно законските прописи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он