(ВИДЕО) Јаневски: Имаме десетина капитални проекти и стотина помали за Струмица

Од:

Поради забрзаниот и актуелен развој на градот во делот кај касарната, во наредните четири години најголем акцент ќе ставиме на изградба на нова патна инфраструктура, најави денеска кандидатот за градоначлник на Струмица од СДСМ, Коста Јаневски.

– Планираме изградба на ново булеварско решение, кое ќе го поврзува градското јадро покрај Светиилијскиот канал, кој граничи со новиот урбан простор на касарната и Софилар и преку кој ќе се одвива комплетната сообраќајна поврзаност во границите на тој простор, продожувајќи кон населеното место Добрејци, рече Јаневски.

Во неговата програма најави и нов транзитен пат околу Струмица.

– Најголем акцент ќе ставиме на решавање на пристапните влезови во градот и тоа изградба на нова обиколница од клучката кај населеното место Куклиш покрај реката Тркања низ индустриската зона „ЈУГ“ во правец на населеното место Добрејци повзувајќи се со магистралниот пат А4 во должина од 5.800 метри. Со тоа ќе се ослободи сообраќајот по булеварот „Климент Охридски“ и ќе се пренасочи движењето на тешките товарни возила. Исто така, „Климент Охридски“ ќе добие нов изглед со булеварско решение со четири сообраќајни ленти на потегот од „Жито Струмица“до клучката кај Куклиш, рече Јаневски.

Јаневски го најави и проектот за изградба на доводен цевковод за сирова вода од акумулацијата Водоча до Филтер станицата во Струмица во вкупна должина од 8 километри како и проектот за изградба на подземниот премин од улицата „24 октомври“ до улицата „Ѓуро Салај“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски