Кандидатот за градоначалник на општина Тетово од ДПА Бардиљ Даути, заедно со носителот на листата за советници Аднан Биљали, како и дел од кандидатите за советници денеска одржа прес-конференција кај градскиот стадион.
Според Даути, овој дел од градот е целосно запоставен од досегашната градоначалничка и покрај нејзините ветувања дека тука ќе се изгради модерен спортски центар.
– Простор околу стадионот и понатаму е во целосен хаос и запустен. Според сознанијата што ние ги имаме за овој дел од градот се уште нема донесено и усвоено ниту детален урбанистички план, што нас ќе ни биде прва заложба по освојувањето на функциите во локалната власт. Исто така имаме сознанија и за прокет на УЕФА под име Хет -трик што го користат сопртски објекти во Скопје, Прилеп, Битола и Струмица, а општина Тетово не усеала ништо да добие, ниту да ги искористи можностите што овој прокет ги дава, рече Даути.
Со изградбата на еден модерен спортски комплекс, како што додаде, ќе се придонесе и за развојот и на малите бизниси, а со тоа и за поголеми можности за нови вработувања.