(ВИДЕО) Заев со Шилегов во Сарај и околни села: Заедно да си го градиме Скопје како што ја градиме Македонија

Од:

-Ова едно општество за сите што го градиме е иднината на Република Македонија. Сплотени, заедно да ги продолжиме перспективите на Македонија. Само преку единство може да напредуваме, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев во Копаница.

Претседателот Заев, заедно со кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов претпладнето беше во Сарај и повеќе околни села. Со жителите разговараа за изградба нови патишта, канализации, да има вода, градинки, да има работни места за младите, луѓето да ја гледаат својата иднина во родното место.

-Заедно да си го градиме Скопје, како што заедно ја градиме Македонија, повика претседателот Заев. Рашче да продолжи да дава поддршка, дојдов да повикам. Така ќе ги решиме комуналните проблеми што се секојдневие на граѓаните и ќе донесеме перспективи за сите, рече претседателот Заев во ова село.

-Рашче за нас има голема симболика. Од Рашче доаѓа водата во Скопје, а водата е живот. Заедно да го вратиме животот во Рашче и животот во Македонија, порача кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов во Рашче.

Во Свиларе претседателот Заев предочи дека “овие локални избори се многу важни, за подеднакво да се развиваат општините”.

-Ако сакаме да бидеме современа земја, комуналните проблеми мора да се приоритет. Убеден сум дека доаѓа убаво време за сите, рече претседателот Заев.

-Нема да пишуваме решенија од канцеларија, сите прашања заедно ќе ги решаваме, вети кандидатот за градоначалник на Скопје, Шилегов.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов се сретнаа и со жители на Сарај и присуствуваа на пеливански натпревар.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ