(ВИДЕО) Јованоски: Градиме спортско-рекреативен центар со затворен базен во сала Македонија

Од:

„Ова е објектот што Марјан Ристески, 12 години го остави на забот на времето и ништо не направи.
Ние сме овде пред сала „Македонија“ да го промовираме новиот проект кој ќе се вика: „Здравствено спортско рекреативен центар“ со покриен базен и токму ќе биде направен на ова место.

Овој центар ќе биде наменет за сите граѓани на Прилеп, и тоа за деца со искривен рбет, мајки со бебиња, повредени спортисти за физикална терапија и возрасни со дегенеретивни заболувања. Вториот дел ќе биде наменет за рекреативни пливање, фитнес центар и колективна гимнастика.

Зошто е битен ова центар, сите школски деца од 6 до 18 години имаат искривен рбет од 25 проценти.Хидро терапијата е најдобра докажана метода за корекција на оваа деформација, затоа ние посакуваме да имаме здрави и исправени деца.

Почитувани сограѓани, сите сме овде да дадеме нов живот на Прилеп и на младината во Прилеп“, изјави кандидатот за градоначалник на Прилеп од СДСМ, Илија Јованоски.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски