(ВИДЕО) Мицевски: Крива Паланка заслужува нов и модерен Градски плоштад

Од:

„Градскиот плоштад е лицето на секоја општина.

Крива Паланка заслужува нов и модерен Градски плоштад според европски стандарди, плоштад кој ќе им служи на граѓаните за разни културни и општествени настани.

Нашата цел е ова место да го претвориме во уреден простор, со елементи на архитектонскиот дух, белезите на градот и со уредени и современи пешачки зони, места за релаксација и одмор, хортикултурно уредување.

Постојниот Градски плоштад има отворено сообраќајно прашање кое го отежнува слободниот проток на минувачите и возачите и ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Нашето решение се состои во изградба на подземна сообраќајница, лоцирана под плоштадот,која ќе ја поврзува главната улица и ќе овозможи непречен тек на сообраќајот. Ќе се обезбеди и подземен паркинг за возилата, со што ќе се реши едно од најгорчливите прашања во овој дел од градот.

Пред нас се избори од клучно значење за нашата општина. Ја бараме вашата поддршка за да ја подобриме личната карта на Крива Паланка, и со нови идеи допринесеме за нејзин брз развој.

Се бориме, секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина.

Градиме по план-инфраструктура за сите! За живот во Крива Паланка за сите!“, изјави Борјанчо Мицевски, кандидат за градоначалник на Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори

Локални избори во Хрватска: Излезноста на гласачите до 16.30 часот е 23,45 отсто

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи