(ВИДЕО) Заев од Кавадарци: Ќе го изградиме винскиот пат

Од:

Ќе го изградиме винскиот пат кој ќе биде паралелна обиколница овде се до улицата „Дисанска”. Ќе бидат наредени објекти за дегустација на тиквешкото вино. Со тоа ќе се промовира производството и ќе се привлечат туристи. Ова го истакна лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев во Кавадарци на митингот на оваа партија во Кавадарци.

Лозарството и винарството, рече, се голема предност на целиот Тиквешки регион и таа предност мора да се искористи и за развој на туризмот и промоција на овој крај и производите во него.

Заев нагласи дека Тиквешијата живее од лозарството и земјоделското производство и ја вети својата поддршка. Затоа што, како што додаде, ако лозарите добро живеат, добро ќе живее и целата Тиквешија.

– Да се гордееме со тоа што ќе го произведеме. Само на тој начин со дополнителна промоција ќе обезбедиме нови пласмани за нашето грозје и вино. Мораме да работиме заедно сплотени за да можеме да донесеме достоинствен живот за цела Тиквешија, рече Заев.

Секогаш, додаде, ќе се залага за подобар живот на кавадарчани и на лозарите. Притоа ја повтори најавата од Неготино за дополнителна државна помош од два денари за килограм грозје предадено во домашните винарници, поради лошата година.

– За само три месеци исплативме 68 милиони евра за земјоделски субвенции. Осум милиони евра стигнаа овде директно за лозарите. Дополнително помогнавме преку винарските визби. На тринаесет винарници со 700 илјади евра кои учествуваат во покачената цена за грозјето. Направивме напори со винариите кои должат да ги исплатат обврските од претходните години. И почна таа исплата, останаа уште многу мали средства кои до крајот на годината ќе бидат исплатени, порача лидерот на СДСМ.

Тој се осврна за сработеното во изминатите три ипол месеци, за многуте промени, стабилизирањето на буџетот, отворените нови перспективи, штедењето и враќањето на ефтината струја.

Вети гасификација на Кавадарци, современ покриен пазар, комунална изградба и многу други проекти. Најави поддршка за стопанството заради повеќе вработувања и поголеми плати. Ќе се стори се, рече, Фени да работи и да дава плати.

– Македонија има перспективи и нема непријатели во соседството повеќе, со сите изградивме пријателство и затоа Македонија ќе оди напред, мала земја сме и затоа само со пријатели ќе одиме напред, рече Заев, кој нагласи дека Владата е одговорна и отчетна и е сервис на граѓаните.

Пред присутните се обрати и кандидатот за градоначалник Бетиане Китев. Како приоритети на идната локална самоуправа ги спомена гасификацијата, модерен затворен пазар, нова детска градинка, три ниви кружни текови, комплетирање на колекторскиот систем, велосипедска патека како и многу други проекти за подобар живот во Кавадарци и населените места од општината.

Претходно СДСМ и коалицијата митинг одржаа во Неготино, од кој на лозарите им беше ветена дополнителна финансиска помош од по два денари за секој килограм грозје што го предале во домашните винарски визби, и наградување на квалитетното производство.

На митингот Заев потенцира дека доколку кандидатот на СДСМ и Коалицијата ја добие поддршката на граѓаните ќе го реши проблемот со водоснабдувањето, дека општината ќе биде сервис на граѓаните, а најави и оти гарантира поддршка од централната власт за таа да се стабилизира и да чекори напред. Вети и гасификација на Неготино, модернизација на училиштата и нова детска градинка.

Пред присутните граѓани беа претставени и кандидатите за советници и за градоначалник Тони Делков, кој вети решавање на проблемот со породилниот дом, изградба на нова детска градинка, решавање на комуналниот отпад, реконструирање улици, затворен пазар, паркинг простор, проекти за поглема енергетска ефикасност…

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он