(ВИДЕО) Заев од Неготино: Ќе има уште по 2 денари субвенција за грозјето

Од:

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев на митингот во Неготино на лозарите им вети дополнителна финансиска помош од по два денари за секој килограм грозје што го предале во домашните винарски визби, а најави и наградување на квалитетното производство.

Потенцира дека доколку кандидатот на СДСМ и Коалицијата ја добие поддршката на граѓаните ќе го реши проблемот со водоснабдувањето, дека општината ќе биде сервис на граѓаните, а најави и оти гарантира поддршка од централната власт за таа да се стабилизира и да чекори напред. Вети и гасификација на Неготино, модернизација на училиштата, нова детска градинка…

Убеден е дека во Неготино победата ќе биде убедлива за СДСМ и коалицијата, дека нивниот кандидат ќе победи уште во првиот круг. Осврнувајќи се на кандидатите за градоначалник и за советници, рече дека тие се оние кои ќе ги исправат сите неправди во целиот овој период наназад.

Потсети и на сето она што го има направено Владата во изминатиот период. Успеавме, рече, да го стабилизираме Буџетот на државата бидејќи во него немаше пари за пензиите, платите, фондот за здравство, социјалната помош, кои беа обезбедени со ребалансот.

– Се откажавме од луксузирања, кафани, реклами, скапи советници, се откажавме заради тоа што и треба секој денар на Македонија, рече Заев.

Додаде дека Владата ја укинала и радио-дифузната такса, дека го укинала екстерното тестирање, дека работи на воведување комплетна реформа во образовниот процес, оти го донела Законот минималната плата…

– Со овие избори всушност доаѓа новото време и со тоа што ќе го дадат гласот за СДСМ и коалицијата граѓаните ќе го изберат вистинскиот пат за иднината на Македонија. Сакајте си ја општината како татковината, рече лидерот на СДСМ.

На митингот беа претставени и кандидатите за советници и за градоначалник Тони Делков, кој вети решавање на проблемот со породилниот дом, изградба на нова детска градинка, решавање на комуналниот отпад, реконструирање улици, затворен пазар, паркинг простор, проекти за поглема енергетска ефикасност…

Би можело да ве интересира

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ