Алексовски најави изградба на две нови пешачки патеки во Крива Паланка

Од:

Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од Коалицијата за локални избори 2017 предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Арсенчо Алексовски, носителот на листа за советници од коалицијата, Игор Тодоровски и дел од кандидатите за советници денеска ги посетија земјоделците на зелениот градски пазар и остварија средби со жителите на населба Единство и централното градско подрачје.

– На средбата ги слушнавме проблемите со кои се соочуваат овие граѓани и ја презентиравме програмата со која нудиме реални и остварливи проекти за добробит на секоја категорија лица од општината, рече Тодоровски.

Алексовски најави два проекти за збогатување на рекреативните зони во градот.

– Ќе изградиме пешачко-рекреативна патека на потегот на трасата на водоводот висока зона лев брег, која ќе биде со бекатон плочки, уредена со придружна урбана опрема и содржини, со клупи за одмор, а по целата должина ќе биде поставено осветлување. Патеката ќе биде лоцирана во прекрасниот амбиент на шумскиот предел во градот, а граѓаните ќе уживаат и ќе се рекреираат во природа и на чист воздух, изјави Алексовски.

Најави дека предвиден е проект за регулација на Бабин дол, покрај новиот пат до манастирот св.Јоаким Осоговски, каде, рече ќе биде изградена и пешачко-рекреативна патека која ќе се протега до осветената чешма.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски