Ниту Пелистер не успеа да ја сопре Шкендија

Од:

Лидерот на прволигашката табела во македонското фудбалско првенство, екипата на Шкендија ја забележа осмата победа во деветтиот настап оваа сезона и се зацврсти на врвот на табелата. Тетовци попладнево го победија Пелистер во Битола со 3:1.

Покрај четирите гола во Битола, погодок имаше само уште во Кратово каде Силекс и го нанесе вториот пораз на Академија Пандев.

Другите два меча завршија нерешено без постигнат гол.

Резултати на четирите денешни средби од 9.коло во ПМФЛ:
Скопје – Работнички 0:0,
Пелистер – Шкендија 1:3,
Ренова – Победа 0:0 и
Силекс – Академија Пандев 1:0.

Утре играат Вардар – Шкупи.

Табела: Шкендија 25 бода (9 натпревари), Академија Пандев 14 (8), Вардар 13 (6), Силекс 13 (9), Шкупи 12 (8), Пелистер 9 (9), Победа 9 (9), Работнички 7 (8), Ранова 7 (9) и Скопје 4 (9).

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска