Потребно е:
1-2 свежи свински коленици (околу 1,5 кг)
800 гр кромид
500 гр компири
200 гр месната сланина
4 моркови
2 корена пашканат
2 корена магдонос
1 корен целер
2-3 листови лорбер
1,5 лажиче сол
1 лажиче бибер во зрно
1 лажиче мелена црвена пиперка
1 лажиче толчена црвена лута пиперка
околу 300 мл супа
зелен за супа (1 кромид, 2-3 моркови, 1 пашканат, 1 корен магдонос, 1/2 корен целер, 2 чешниња лук, 1 компир)
масло
Подготовка:
– Измијте ги колениците и ставете ги во подлабоко тенџере, сипете вода за да ги покрие и оставете да се варат. Кога ќе почне да врие, тргнете ја пената од површината и додадете го зеленот за супа. Зачинете по вкус, додадете сол, бибер во зрно и листовите лорбер. Варете околу 1 час за да омекне малку месото, но внимавајте да не се распадне.
– Додека се варат колениците, направете го сосот од зеленчук и сланина. Ситно исецкајте го кромидот, а сланината исецкајте ја на поголеми коцки.
– Во тава на рингла на малку масло пропржете ги кромидот и сланината.
– Излупете го корените магдонос и пашканат и исецкајте ги на мали коцки. Морковите исецкајте ги на тркалца. Целерот исто излупете го и исецкајте го на тркалца, а потоа на четвртинки. Целиот зеленчук додадете го во тавата и динстајте додека да омекне.
– На крај додадете ги компирите исецкани на тркалца. Зачинете по вкус, додадате ги мелената пиперка и толчената пиперка и динстајте со повремено додавање на супа.
– Кога колениците ќе омекнат до пола, извадете ги од супата и ставете ги над динстаниот зеленчук. Прелијте со уште малку од супата во која се вареа и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40 минути. Месото треба да биде меко и да добие убава румена боја.
– Месото исечете го и сервирајте го заедно со зеленчукот со кој што се печеше.