Салата од скуша

Од:

Фино и декоративно …

Потребно е:
1 скуша (околу 500 гр)
1 морков
1 корен од целер
200 гр округла зелена боранија
1 главица кромид
100 гр кус-кус
100 мл сок од домати
100 мл вода
1 рака ситно сецкан свеж магдонос
1 чешне лук
сок од 1 лимон
50 мл маслиново масло
сол и бибер

Подготовка:
– Излупете го кромидот и исечете го на пола. Исчистете го и морковот и коренот целер. Ставете го зеленчукот да се вари во малку повеќе од 1 литар студена вода, околу 15 минути.

– Потоа во водата ставете ја и рибата и оставете да се вари уште 10-тина минути.

– Поклопете го садот и оставете рибата да се излади во течноста. Сега исцедете ја и внимателно исчистете ги коските и кожата.

– Боранијата убаво измијте ја и исчистете ја. Сварете ја на пареа. Исецкајте ја на помали парчиња, малку подолги од 1 см.

– Во блендер ставете ги сецканиот магдонос, изгмеченото чешне лук, сокот од лимон, сол, малку бибер и 50 мл маслиново масло. Блендирајте додека да добиете хомогена смеса.

– Во сад на рингла загрејте ги сокот од домати и водата и во нив додадете го кус-кусот и малку со. Убаво измешајте со вилушка и оставете го садот поклопен околу 5 минути. Тргнете го капакот и измешајте со вилушка. Посипете со малку маслиново масло.

– Во една чинија со прсти искинете ја рибата на помали парчиња и посипете со пола од смесата со магдонос и лимон.

– На чинија ставете метален прстен (со 8 см ширина и висина околу 5 см) и до пола наполнете го со кус-кус. Притиснете со лажица и преку него ставете еден ред од боранијата. Посипете со сол и бибер.

– Над боранијата ставете еден ред риба и повторно притиснете со лажица убаво да се израмни. Внимателно тргнете го металниот прстен и зачинете со преостанатиот сос од магдонос и лимон.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска