(ВИДЕО) Богдановиќ: Настаните како „Време е за зимница“ ќе ги задржиме како традиција

Од:

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ денеска присуствуваше на настанот „Време е за зимница“ на улицата Македонија, каде домашните производители ја презентираа својата понуда пред минувачите. Тој беше срдечно пречекан од преработувачите, со кои разменија мислења за други вакви настани во иднина.

„Денеска присуствуваме на настанот „Време е за зимница“, организиран од Македонската асоцијација на преработувачи, каде ние како општина Центар сме покровители, односно поддржувачи. Во иднина ќе има уште вакви настани, на кои сите наши производители ќе бидат добредојдени да ги презентираат своите производи. Не само што ќе ги задржиме ваквите настани како традиција туку и ќе го зголемиме нивниот број за да бидат препознатливи во Општина Центар. Ќе продолжиме да ги организираме не само овде, на улицата Македонија, туку и низ целата општина. Затоа ми претставува задоволство и чест што денеска бев гостин, поканет од организаторите на настанот за да продискутираме заедно за некои понатамошни чекори што ги планираме како идна локална власт“, рече Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски