Петровска: Младоста во фокусот на програмата на СДСМ во Битола

Од:

Нема ништо поважно од нашите деца, од нашите внуци, од нашата младина, истакна Наташа Петровска, кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ и Коалицијата и најави конкретни мерки за нови работни места и вработувања во локалните јавни претпријатија.

– Како граѓани, како локална самоуправа мора и ќе го дадеме својот максимум за младоста да ни остане во Битола, за Битола да ни биде убава. Новата локална самоуправа предводена од СДСМ и Коалицијата ќе овозможи поддршка на сите инвеститори, домашни или странски, за младите да имаат вработувања и егзистенција во нашиот град. Ќе обезбедиме предност при вработување во јавните претпријатија на најдобрите студенти и најдобрите средношколци, ќе ги зголемиме спортско-рекреативните капацитети во Битола, ќе ги оплемениме месните заедници за младински активизам, ќе обезбедиме бесплатни влезници за културните настани за првенците на генерацијата и децата со посебни потреби. Младоста е во нашиот фокус, посочи Наташа Петровска, кандидат за градоначалник на Битола, предложена од СДСМ и Коалицијата.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски