(ВИДЕО) Богдановиќ: Зголемување на бројот на паркови за домашни миленици и изградба на прифатилишта за бездомни животни

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија секоја година ја одбележува глобалната кампања по повод Светскиот ден на борба против беснило. По тој повод, денес се одржа јавен настан од едукативен карактер на Школка – Градски Парк, чија основна цел е да се промовира вакцинацијата на домашните миленици против болеста беснило и подигнување на јавната свест во однос на оваа болест.

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ на овој настан презентираше дел од програмата кој го опфаќа токму овој сегмент.

„Овој дел од програмата има две цели; едната е зголемување на бројот на паркови за домашни миленици, а другата е изградба на прифатилишта за бездомни животни. Преку соработка со сите здруженија за заштита на животните може да се направи стратегија на масовна стерилизација, како и бесплатна вакцинација, бесплатнo вградување микрочипови, со што би се намалил бројот на бездомни животни на територија на Општина Центар и би се зголемила безбедноста на жителите. Преку активно промовирање, едукација и позитивни кампањи ќе се подигне свеста за хуманост кон животните и одговорно сопствеништво. Ќе се создадат механизми за санкција на насилството врз животните, пред се масовните труења на животни и механизми за превенција во насока на сузбивање на истите“, рече Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски