(ВИДЕО) Шилегов: Ќе ги охрабриме младите да отворат работни места, за да не работат за плата од 200 евра

Од:

На средба со граѓаните во Бутел, кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, Петре Шилегов вети вработување за младите, нова инфраструктура, нови спортски центри и училишта, како и подобрување на постоечкте, кои се веќе на територијата на градот Скопје.

„Младите во Бутел, Скопје и Македонија ќе имаат значајно место во општественото живеење, за разлика од досега, кога беа игнорирани, запоставени и заборавени. Вие помладите, сте нашата иднина. За вас работиме и создаваме. За младинските политики и образованието, но и институциите на културата ќе формираме младински совет составен од претставници на младинските организации, учениците и студентите. Вложуваме во младите, отвораме центри за започнување и развој на бизниси и стимулирање за отворање на слободни работни места“, рече Шилегов од Бутел.

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов, потенцираше дека младите се најзначајна категорија за иселување од Македонија. Шилегов додава дека преку т.н. младински хабови преку кои младите ќе ја добиеле поддршката на градот, а пак, новите фирми кои тие ќе ги формираат ќе бидат ослободени од комуналните такси.

Кандидатот за градоначалник на општина Бутел, од редовите на СДСМ и коалицијата, Велимир Смилевски, изјави дека ќе бидат реализирани многу проекти за младите, согласно нивните потреби, а програмата е креирана врз основа на потребите на граѓаните на Бутел.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори

Локални избори во Хрватска: Излезноста на гласачите до 16.30 часот е 23,45 отсто

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи