(ВИДЕО) Наумовски: Ќе формираме Младинска банка, којашто преку грантови ќе поддржува младински проекти

Од:

„Младите се двигател на сите промени, а наша заложба е тие да останат во општината Ѓорче Петров и во Македонија.

Ќе формираме Младинска банка, којашто преку грантови ќе поддржува младински иницијативи и проекти за самовработување, за културно спортски настани и други конкретни проекти коишто ќе ги предлагаат младите.

Дополнително мора да субвенционираме одредени музички инструменти за наши млади таленти и музички групи.

Културно-забавниот живот во Ѓорче Петров е замрен,младите немаат свои катчиња каде можат да ги разменат своите идеи, да ги сретнат своите пријатели, затоа ќе го вратиме старото Корзо на модерен начин, ќе направиме нови организирани содржини, ќе имаме наша мала чаршија.

Затоа на 15 Октомври гласајте за живот за младите во Ѓорче Петров, гласајте за живот за сите, гласајте за подобра иднина на нашите деца“, изјави Александар Наумоски, кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна

Гаши локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

Горан Наумовски