Млади од кумановско на трка за меѓукултурно зближување

Од:

Млади од Куманово, Липково и Старо Нагоричане денеска во рамки на проектот „Поттикнување на меѓуетнички дијалог” учествуваат на втората етапа од трката што се одржува во општа Старо Нагоричане.

Учесниците трчаат на потегот од Меморијалниот центар АСНОМ до црквата во Старо Нагоричане.

– Во рамки на проектот, Центарот за интеркултурен дијалог во пролет годинава организираше четири работилници за млади во Охрид со цел воспоставување простор за меѓукултурен дијалог кај младите преку заеднички активности кои можат да се одразат во секојдневниот живот во различните заедници во градот. Работилниците беа наменети за средните училишта во градот и во фокус го имаа надминувањето на стереотипите и предрасудите на различни култури. Дел од програмата се фокусираше и на младинско учество со цел мотивирање на младите да бидат активни чинители во нивната средина, изјави проектниот координатор Нами Исаки.

Последната трка ќе се одржи во општина Куманово. Во рамки на трките истовремено се одржува и младинска размена, чија цел е да ги обучи младите во спортските активности што се одржуваат во овие општини.

Проектот се спроведува од Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово заедно со здружението Project 2020 CIC од Велика Британија. Активносите од овој проект се поддржани од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување