И во есен може да го направите овој превкусен сладолет …
Потребно е:
250 гр чоколаден крем Нутела
250 мл млечна слатка павлака
250 мл кисела павлака
Подготовка:
– Слатката павлаката ставете ја во сад на рингла и оставете да се загрее. Внимавајте не смее да почне да врие. Тргнете го садот од рингла.
– Веднаш додадете го чоколадниот крем и мешајте додека да добиете хомогена смеса. Оставете убаво да се излади.
– Во изладената смеса додадете ја и киселата павлака и повторно измешајте.
– Вака добиената смеса сипете ја во пластичен сад и ставете ја во замрзнувач да се стегне.