Јакимовски: Доколку во Општина Центар има повеќе зеленило отколку во Карпош 4 се откажувам од трката за градоначалник

Од:

Актуелниот градоначалник на Карпош и кандидат за престојните избори од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Стевче Јакимовски на вечерашниот митинг изјави дека е подготвен да се повлече од трката за градоначалник доколку во Општина Центар има повеќе зеленило отколку во Карпош 4.

– Им ги слушам приказните за зеленилото. Јавно ги повикувам да измериме колку метри квадратни зеленило има во Карпош 4, а колку во Општина Центар, од границата со Карпош до плоштад. Карпош во една месна заедница, Центар во 5. Доколку таму има повеќе се откажувам од натамошната борба за градоначалник, изјави Јакимовски.

Тој додаде дека откако тој е градоначалник Карпош станал зелен и цветен и кажа дека на пролет се саделе 120 илјади цвеќиња, а на есен 150 илјади.

– Сме насадиле 10.480 дрвја, а сме исекле само 136, а сакаат да претстават дека било обратно, рече Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски