Кандидатот за градоначалник од ДУИ, Феми Јонизи денес на прес конференција ја објави изборната програмата за развојот на општина Студеничани. Во продолжение го имате целосниот говор на кандидатот за градоначалник на Студеничани, Феми Јонузи.
„Почитувани медиуми, дозволете ми денес пред вас да ја презентирам изборната програма за следните четири години на владеење во Општина Студеничани.
Оваа програма е составена во соработка со граѓаните од сите населени места кои гравитираат кон општината Студеничани и е наш договор со граѓаните, договор за кој ветуваме дека целосно ќе го оствариме.
Програмата е јасна и поделена на неколку области со конкретни проекти и тоа:
Локален економски развој:
• Создавање на услови за локален економски развој,
• Просторно планирање,
• Изработка на урбанистички планови за поголемите населени места,
• Трансформација на земјоделско земјиште во градежно земјиште,.
• Отворање на слободна економска зона.
Проекти во областа на образованието:
• Училишен објект за средно образование во Студеничани
• Нов училишен објект за основно образование во с.Лубош за учениците учениците од бошњачка националност
• Проширување на наставни простори во училиштата Студеничани, Батинци и Морани.
• Спортска сала во ОУ Кемал Ататурк во с.долно Количани
• Реконструкција на спортската сала во ОУ Алија Авдовиќ во с.Батинци
• Изградба на спортски терени во периферните училишта: Драчевица и Цветово,
• Финансиска поддршка за учениците кои ќе постигнат успех во државни и меѓудржавни натпревари.
• Средно образование за возрасни.
Проекти во областа на културата:
• Основање (формирање) на културен дом и читална
• Означување на важни историски и јубилејни датуми за истакнати албански, турски и бошњачки личности..
• Поддршка на невладини организации кои гравитираат во општина Студеничани
Проекти во областа на младите и спортот:
• Поддршка на боречките клубови, фудбалски клубови и обезбедување на подобри услови за спорт во сите области.
• Спортска сала во Студеничани е голема помош за љубителите на младите и спортот.
Проекти во инфраструктурата:
• Асфалтирање и поставување на бекатонски плочки во Студеничани, Батинци, Морани, долно Количани, горно Количани, Цветово.
• Асфалтирање на патот горно Количани – Китка со должина од 10 км.
• Реконструкција на патот кон селата Пагаруша, Вртекиц, Габер.
• Реконструкција на патот кон селото Црн врв.
• Регулирање на плоштадот во Студеничани и Батинци
Проекти во областа на екологијата:
• Чистење на сите диви депонии (0 % диви депонии).
• Чистење на отворени канали и нивно одржување.
• Чистење на речните корита и нивно прилагодување.
• Селекција на отпадот од домаќинствата (назначувањето на специјални места за рециклирање).
• Изградба на фекална канализациона мрежа во долно Количани
• Завршување на секундарната канализациона мрежа во Студеничани, Батинци и Морани.
• Вклучување на домаќинствата во новата мрежа за водоснабдување во Студеничани.
• Водоснабдувач во долно Количани
• Водоснабдувач во Драчевица.
• Канализација кај вилите во Морани
Проекти во областа на земјоделството:
• Отворање на советодавна канцеларија за фармери и земјоделци.
• Проект за систем за наводнување во Студеничани и Морани.
• Уредување и вградување на патишта кои водат кон земјоделско земјиште.
• Поддршка за инвеститорите за отварање на центар за собирање земјоделски производи.
Проекти во областа на социјалната заштита:
• Градинка за деца во Студеничани, Батинци, Морани.
• Општинска државна зграда (стан) за семејства кои се корисници на социјална помош.
• Директна борба со сиромаштијата – со посебен акцент борба против глад во соработка со хуманитарни организации и бизнисмени.
• Помош за ризикуваните семејствата со месечни пакети со храна.
• Помош за сиромашните ученици со училишна опрема и друга помош.
• Игралишта за деца во поголеми населби.
Убеден сум дека граѓаните на општина Студеничани на 15 октомври, ќе гласаат за општината кои сите ја сакаме, ќе гласаат за бројот 3, ќе гласаат за кандидатот кој ја имаа поддршката од големото семејство на Демокраската Унија за Интеграција и нејзиниот Лидер Али Ахмети“, изјави кандидатот за градоначалник од ДУИ, Феми Јонизи.