Китев вети транспарентна општина

Од:

Транспарентна општина вети денеска на прес-конференција Бетиан Китев, кандидат за градоначалник на Кавадарци од редовите на СДСМ и коалицијата.

– Токму затоа уште првиот ден после изборите ќе ја отвориме општината за даможе секој граѓанин да добие навремени, квалитетни и поевтини услуги, нагласи тој.

Како иден градоначалник, рече, ќе воведе низа новини во работењето на општина Кавадарци.

– Како прво, ќе воведеме двократно работно време на општинската администрација, со цел подобро опслужување на потребите на граѓаните. Ќе воведеме и кол центар каде граѓаните ќе може да се жалат за работата на институциите и одредени служби или да даваат свои предлози и сугестии, нагласи тој.

Најави дека одредени седници на Советот на општина Кавадарци ќе се одржуваат по селата, кога се дебатира за прашања од нивна проблематика.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски