Илиоски: Златен рид ќе доживее градежна експанзија

Од:

„Поранешната битолска касарна, денес веќе новата населба Златен рид во следните четири години ќе доживее градежна експанзија.

Овде ќе продолжиме да создаваме услови за нови колективни и индивидуални градежни инвестиции кои индиректно ќе значат раздвижување на економијата на целата Општина Битола.

Ќе изградиме и асфалтираме уште три нови улици, а ќе биде изградена и атмосферска канализација за 13 улици, во вкупна вредност од 53.000.000 денари.

За блоковите АРМ 1 и АРМ 2 предвидуваме и изградба на нова нисконапонска кабловска мрежа и улично осветлување во вредност од 7.350.000 денари.

Урбанистичкото планирање е важно за раздвижување на градежниот сектор.

Во мојот мандат предвидувам и донесување на Генерален урбанистички план, како основен и клучен документ во натамошниот урбанистички развој на Битола“, изјави Зоран Илиоски – Кандидат за градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Подобра Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори

Локални избори во Хрватска: Излезноста на гласачите до 16.30 часот е 23,45 отсто

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи