Кумановски средношколци од медицинска струка ќе може да се школуваат во Турција

Од:

Делегација од средното медицинско училиште од општина “Орханли“ Тузла, Турција и претставници на средното техничко училиште „Наце Буѓони“ од Куманово денеска остварија средба со градоначалникот Зоран Дамјановски. Воспоставување комуникација, размена на искуства во однос на здравствената струка, но и збратимување на училиштата е само дел од она што во наредниот период ќе се случува помеѓу Куманово и општина Тузла.

– Ова е една од посериозните училишта во Исанбул, медицината во Турција е во голем подем, така што искуствата во билатерала ќе ни помогне во научната наставна програма, во едукација, бидејќи новите технологии нудат поголеми предизвици за средниот медицински персонал. Дефицитот во средниот медицински персонал е присутен, самите гледате дека во определени клиники има недостаток поради голема економска миграција на овие профили така што зајакнувањето на едукацијата и подготвката на овие млади луѓе е можност за брзо инкорпорирање во работните процеси и евентуални натамошни нивни кариери, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Надлежните од средното училиште од Турција очекуваат кумановски ученици да одат во „Орханли“ на школување, но и дошколување.

– Целта е да соработуваме со Куманово благодарение на директорката и не само на медицинск,и односно на професионален план, туку и културен и понатаму да продолжиме да соработуваме. Во продолжение на нашата соработка очекуваме од Куманово да дојдат ученици на школување и дошколување во нашата општина, изјави заменик директор на турското училиште, Селахатин Дурсун.

Директорката Лидија Михајловска, вели дека токму ова училиште им било препорачано како едно од подобрите училишта во Истанбул за соработка на полето на медицината. Се договара ученици и од „Наце Буѓони’ да посетуваат практична настава во Аџибадем Систина, а врската помеѓу клиниката и училиштето ќе биде токму средното училиште Орханли од Турција.

– Очекувам плодна и успешна соработка, дружење пред се разменување на пријателства помеѓу учениците помеѓу наставниот кадар. Ќе има размена на искуства, идеи и секако тоа многу ќе придонесе за целокупната работа на училиштето меѓутоа и работата на Куманово, кумановската болница и пошироко, изјави Лидија Михајловска, директор на „Наце Буѓони“

Околу 800 ученици посетуваат настава во здравствената струка во техничкото училиште. Како што истакна Михајловска, секоја година се запишуваат ученици во две паралелки со настава на македонски наставен јазик и три паралелки на албански, сите во насоката медицинска сестра, бидејќи други насоки од здравстевната струка во Куманово нема.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он