Јовановски: Поддршка и модерен дом за Работнички, ќе се залагаме да го вратиме маалското спортско дружење

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Јовановски денеска најави дека во неговата програма е предвидено општината да го поддржи Кошаркарскиот клуб Работнички, но и сите други спортски клубови.

Овој храм позади нас заслужува да биде модернизиран и да биде налик оние кои што ги имаат во Европа. Затоа што тоа е неговото место и таа атмосфера треба да ја краси оваа сала. Сакам да ги видам дедовците и внуците како доаѓаат тука со насмевка и сакам да ги видам младите да го почнат своето излагање навечер со победа на Работнички, истакна Јовановски.

Потенцира дека општината мора да се залага да го врати маалското спортско дружење.

-Ќе ги обновиме сите терени, сите оние места, сите детски и спортски игралишта каде што има кош, стативи, мрежа, топки. Мора да ги видиме нашите деца да играат слободно и да ги добиваат првите искуства и градење на правилен карактер во нашето маало. Сакам спортот да биде секојневние, а не луксуз или минато, посочи Јовановски.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски