(ВИДЕО) Тарчуловски: Моја цел е од Кисела Вода да направам модерна и мултифункционална општина

Од:

„Мојата визија и моја цел е од Кисела Вода да направам модерна и мултифункционална општина.

Нудиме програма која носи просперитет и развој. Програма со која секоја педа од Кисела Вода е опфатена. Програма со која и руралниот и урбаниот дел од општината ќе блеснат во полн сјај кој го заслужуваат.

Со чесна работа, искрена мисла и чисто срце, заеднички и сложно Кисела Вода ќе ја внесеме во Новата Ера.

Дозволете ми да ви ги претставам најважните проекти од мојата програма за наша Кисела Вода:

1. Изградба на две нови детски грaдинки во населбите, Расадник и Драчево. Комплетно опремени со најсовремена опрема и специјализирани сензор соби за децата со пречки во развој.

2. Изградба на нова училишна спортска сала во ООУ „Рајко Жинзифов“.

3. Бесплатни градинки и дневен престој за децата од еднородителски семејства, со цел заштита на оваа кревка и ранлива категорија.

4. Изградба на спортскиот рекреативен комплекс Славија на местото на сегашното фудбалско игралиште, во населено место Пржино. Комплекс кој ќе содржи фудбалски, кошаркарски, ракометни, тениски терени како и стаза за трчање.

5. Финансиската помош на спортските клубови за поттик на нивниот развој.

6. Со проектот „Спортуваме и другаруваме“ активно ќе ги вклучиме во спортот и децата со посебни потреби преку прилагодени спортски содржини за истите.

7. Изградба на три тениски терени, пет баскет игралишта како и фитнес терени на отворено на неколку локации на територијата на општина Кисела Вода.

8. Изградба на велосипедска патека и субвенции до 3.000 денари за велосипеди.

9. Изградба на монтажна катна гаража во населбата Расадник како и нов детски парк.

10. Изградба на повеќе мини детски паркови во урбаните делови на општината.

11. За младите, за иднината на Кисела Вода, ќе отвориме Деловно – Технолошки инкубатор, преку кој ќе се обезбеди помош на лица до 29 години за започнување и развој на својот бизнис и поттик и финансиска поддршка на нивните иновативни проекти.

12. Со воведување на Регистар за компании и невработени, ќе го зајакнеме економскиот стандард на нашите граѓани и општината, на тој начин што ќе посредуваме за вработување на жителите од Кисела Вода во компаниите кои гравитираат на нашата територија.

13. Никако не ги забораваме и пензионерите. Ќе ги активираме пензионерските клубови и ќе воведеме бесплатен интернет во истите. Ќе изградиме пензионерски катчиња во парковите, со поставување на шаховски ѕидани маси и пинг понг маси.

14. Ќе организираме бесплатни екскурзии за пензионерите на Кисела Вода како и натпревари помеѓу пензионерските клубови.

15. Ќе ја завршиме изградбата на третата фаза од најфрекфентниот бул. „Борис Трајковски”, на потегот од Пинтија до Маркова Река во соработка со Градот Скопје.

16. Ќе донесеме неколку клучни Детални урбанистички планови и ќе ја убрзаме и финализираме легализацијата на дивоградбите.

17. Ќе извршиме реконструкција и асфалтирање на скоро сите улици, улички и локални патишта во општина Кисела Вода.

18. Голем акцент во нашата програма ставаме на зазеленување на општината преку хортикултурно уредување на старите и градење на нови паркови.

19. Ќе изградиме парк за домашни миленици.

20. Ќе ја подобриме инфраструктурата преку изградба на нови водоводни мрежи, атмосферски и фекални канализации.

Водени сме од мотото „Секогаш работа, секогаш Македонија“. Нашата работа е видлива и мерлива. Вие граѓаните знаете да препознаете, кој работи и кој создава, кој може да го реализира тоа што го ветил. Одберете број 13 затоа што вие најдобро знаете што е најдобро за наша Кисела Вода“, изјави Јохан Тарчуловски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он