Шилегов вчера во Волково и Ѓорче, денес во Центар

Од:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, од СДСМ Петре Шилегов во текот на вчерашниот четврти ден од кампањата за локални избори 2017 (28-ми септември), одржа средба со граѓанските организации во Скопје, што ги застапуваат правата на српската заедница во Македонија.

Шилегов ги посети и пензионерите во реонскиот парк во Ѓорче Петров. На кејот на реката Лепенец во општина Ѓорче Петров, Шилегов се осврна на уредувањето на кејот на реката и на пробивање на булеварот Илинден, што е дел од инфраструктурните проекти во изборната програма на кандидатот.

„Во овој дел од Скопје предвидуваме многу важни инфраструктурни решенија. Овде кај Лепенец ќе ја споиме Илинденска со Ѓорче Петров и Волково. Ќе продолжиме и ќе ги споиме Љубљанска и булеварот Словенечка, за превозот во Скопје, да има логика. Ќе ја ревитализираме железничката станица затоа што железницата ќе ја вклучиме во јавниот превоз во Скопје. На влезовите во Ѓорче Петров и Волково ќе изградиме кружни текови со цел да го успориме сообраќајот затоа што од брзиот сообраќај зависат животите на нашите граѓани.

– Оваа кампања не е иста како било која друга кампања. Оваа кампања е за новите политики на градоначалниците во Скопје. Политики за Живот во Скопје. Политики во којшто ќе градиме инфаструктура достапна за сите. Политики со коишто ќе ги вратиме парите кај граѓаните, нудиме можности за сите. Политики со коишто носиме чиста околина затоа што нудиме здравје за сите. Политики во коишто ќе отвориме еден нов, поинаков, услужлив град, град за потребите на граѓаните“, изјави Шилегов.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, во текот на вчерашниот ден оствари средби и со пазарџиите во општина Ѓорче Петров, како и со дуќанџиите во локалниот трговски центар.

Петре Шилегов го посети и Волково, каде го посети партискиот штаб, по што учествуваше во кампањата од врата на врата.

На прославата по повод Денот на Бошњаците, што се одржа во АРМ, Петре Шилегов присуствуваше и им го честита денот.
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на крајот на вечерта го посети „Октоберфест“ што традиционално се одржува во Скопје.

Денеска, во 10: 00 часот, Петре Шилегов ќе потпише декларација за поддршка со ВМРО-Народна партија, во општинскиот изборен штаб во општина Аеродром.

Во 13: 00 часот, на кровот на ГТЦ, Петре Шилегов ќе даде изјава за медиуми.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, ќе оствари средби во стопанската комора на Македонија, а во остатокот од денот ќе продолжи со кампањата од врата на врата.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски