Почнува детскиот фолклорен фестивал „Оро без граници“

Од:

Од денеска до 1 октомври во Скопје ќе се одржува 26. Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“, кој го организира Детскиот културен центар „Карпош“ во соработка со Град Скопје и Министерството за култура.

Годинава на фестивалот ќе учествуваат детски фолклорни ансамбли од Хрватска, Полска, руската автономна република Јакутија, Србија, Бугарија, како и македонски ансамбли.

Свеченото отворање на фестивалот ќе биде на плоштад „Македонија“ во 18.30 часот со настап на сите групи (странски и домашни) кои учествуваат на годинашниот фестивал.

Во недела, 1 октомври, за учесниците ќе биде организиран пикник во Лешочкиот манастир каде ќе биде и затворањето на фестивалот.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска