(ВИДЕО) Поповска: Три мандати на ДПМНЕ со лажни ветувања за катни гаражи

Од:

„Изминаа 3 мандати на ДПМНЕ како локална власт, а проектите кои ги ветуваа останаа само на хартија. Дел од нив ги ветуваа во повеќе нивни изборни кампањи, а сигурно без грам срам ќе ги ветуваат и во оваа.

Еден од многуте ветени а нереализирани проекти е и трансформацијата на централното градско подрачје во пешачка зона со изградба на подземни гаражи и деловни објекти.

Двете изминати кампањи ова им беше еден од клучните проекти. Требаше да се изградат подземни гаражи со капацитет од 340 паркинг места пред домот на културата кои би биле приклучени на подземна сообраќајница со формирање на пешачка зона во центарот на Битола.

Уште еден проект за кој останаа само празни зборови а кој требаше да биде изграден во 2013 година е и Изградбата на катните гаражи во централното градско подрачје со кој требаше да се ублажи проблемот со недостиг на паркинг места.
Освен извршените измени на Деталниот Урбанистички План со кои се предвидени 2 маркици за катни гаражи НИШТО друго не е направено.

Кога ќе се споменат и избраните локации (оваа и Ат пазар),за кои наголемо се протестираше, станува јасно дека ДПМНЕ не само што не ги реализираат ветените проекти туку не се кадарни да изберат и соодветни локации за изградба на подземни и катни гаражи.

Единствено што тие успеаа да направат е парите на битолчани да завршуваат во приватни џепови без нивниот проблем за паркирање да биде воопшто решен.

По 3 мандати на ДПМНЕ исполнети само со лажни ветувања, се наметнува прашањето со кое лице излегуваат пред граѓаните на Битола и ветуваат нови предизборни лаги, кога за цели 12 години единствено работеа за задоволување на сопствените интереси“, изјави кандидатката за советник во Општина Битола, Биљана Поповска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он