Трајковски: Проекти за нови 800 работни места во Делчево

Од:

Вклученоста на бизнис-заедницата и поттикнување на конкурентноста, како и отворање нови работни места е приоритет број еден за кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Горан Трајковски. Тој на денешната прес-конференција истакна дека има подготвено пакет-мерки за иднините инвеститори, но и за поддршка на постоечките индустриски капацитети.

– Најважни проекти за остварување на овие цели е создавање услови за мали и средни претпријатија. Посебно внимание ќе посветиме на ЛЕР за реализација на бројни капитални проекти и искористување на средствата преку ИПА програмата. Исто така, посебен акцент ќе ставиме на јавното-приватни партнерство како одлична можност за реализација на капитални проекти кои се од посебно значење за граѓаните на општина Делчево, истакна Трајковски.

Тој најави и усогласување на сите детални урбанистички планови со новиот ГУП со што ќе се отворат можности за нови инвестиции.

– Мојот главен акцент во работењето во следните четири години ќе го посветам на реализирање на проекти кои ќе создадат услови за 800 нови работни места и зголемување на приходите во буџетот на Делчево со што ќе се создадат реални финансиски услови за подобрување на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Трајковски истакна дека ќе ја направи општина Делчево вистински сервис за граѓаните ќе дава поддршка на сите идеи од граѓаните кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот во Делчево и во градењето на имиџот на општината како општествено одговорна институција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он