Јаневски: Ќе вложуваме во локалниот економски развој

Од:

Ќе обезбедиме повеќе пари за општината и ќе ги пренасочиме кон граѓаните преку проекти што ќе ги реализираме во секое маало, ќе ги подобриме условите за живот слушајќи го гласот на урбаните и месните заедници, порача на денешната прес-конференција, кандидатот за градоначалник на Струмица од редовите на СДСМ, Коста Јаневски.

– Ќе вложуваме во локалниот економски развој. Ќе ги здружуваме бизнисите, општината и граѓаните, со единствена цел – нови и подобро платени работни места. Ја вклучуваме бизнис заедницата во дефинирање на приоритетите на општината и воведуваме бизнис форуми како редовна активност за проектирање и следење на локалниот економски развој. Нудиме директна поддршка за домашните фирми, пред се за малите и средните претпријатија. Обезбедуваме еднакви услови за домашните и за странските инвеститори, рече Јаневски.

Во програмата, вели Јаневски, предвидена е поддршка за старт-ап бизниси за млади и поттикнување на претприемништвото со отворање нови работни места.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски