Заев покровител на настанот по повод 75 годишнината од Холокаустот на Евреите во Македонија

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со делегации од Еврејската заедница на Македонија, предводена од претседателката на заедницата Берта Романо-Николиќ, и на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, предводена од Горан Садикаријо, извршен директор на фондот.

Во пресрет на најголемиот еврејски празник Јом Кипур, претставниците на двете делегации на премиерот Заев му подарија „мегила“, традиционален еврејски свиток со испишани стихови од Тората, светата книга на Евреите, со порака која вели дека „за чесниот човек надалеку се слуша“.

Премиерот Заев, како што информираат од неговиот кабинет, заблагодарувајќи се за подарокот и пораката на гостите накусо им ги пренел исклучително добрите впечатоци од неодамнешната посета на Израел.

Претставниците на Еврејската заедница на Македонија и на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, го информираа премиерот Заев за завршните работи на постојаната музејска поставка во Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје која свечено ќе биде отворена на 12 март идната година, кога ќе се одбележат 75 години од депортацијата на Евреите од Македонија за време на Втората светска војна.

Претставниците на двете делегации го информираа премиерот Заев дека по тој повод планираат да организираат голем настан со пригодна програма, на кој очекуваат да пречекааат голем број високи гости од Македонија, од Израел и од други земји.

Претседателката на Еврејската заедница во Македонија и извршниот директор на Фондот на Холокаустот од Македонија, го замолија премиерот Заев да ја прифати поканата да биде покровител на овој голем настан.

Премиерот Заев изразил големо задоволство од поканата и чест што ќе може на овој начин, тој, и Владата на РМ, да ја поддржат оваа манифестација и да помогнат околу нејзиното организирање, се вели во соопштението.

Во рамките на средбата биле отворени повеќе прашања од активностите на заедницата и организациите на Евреите во Македонија и постигнатата согласност да се направат сите неопходни чекори за надминување на одредени прашања во врска со спомен обележјата на еврејската заедница.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски