Подмладоците на 25 партии потпишаа декларација за слободни и фер избори

Од:

Подмладоците на 25 политички партии денеска во Скопје во пресрет на одржувањето на локалните избори потпишаа Декларација за слободни и фер избори.

Со декларацијата тие се заложија за спроведување на фер, слободни и демократски избори, организирање на достоинствена кампања и за намалување на говорот на омраза на социјалните мрежи и во секојдневниот живот.

Претставниците на политичките подмладоци изразија задоволство што се зголемува бројот на подмладоци кои ја потпишуваат Декларацијата и се заложија дека ќе се придржуваат кон начелата на документот.

Подмладоците од најголемите политички партии најавија фер борба со почитување на сите учесници во изборниот процес.

Од Социјалдемократската младина на Македонија најавија дека ќе манифестираат коректен и фер однос кон сите учесници во изборниот процес, а од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ изразија надеж дека претстојните избори ќе бидат борба со решенија и предлози за проблемите на младите, а не борба со кршење на штабови и уништување на рекламен материјал.

Ова е прво потпишување на Декларацијата по повод локалните избори откако претходно подмладоците на политичките партии двапати потпишаа декларација пред предвремените парламентарни избори во 2014 и 2016 година.

Денешното потпишувањето на Декларацијата е во организација на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он