Македонската фудбалска репрезентација до 17 години на 2 октомври во Скопје го започнува квалификацискиот турнир за пласман во Елитната фаза од УЕФА квалификации за пласман на Европското првенство.
На турнирот противници на Македонија ќе бидат селекциите на Босна и Херцеговина, Молдавија и Словачка.
Селекторот на Македонија до 17 години, Горан Станиќ за трите пресметки ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Матеј Андов (Врадар), Марко Алчески (Академија Пандев), Андреј Буторац (Пелистер);
Одбрана: Кристијан Трпчевски (Њу Старс), Ване Тасевски (Сасуоло, Италија), Божидар Митревски (Работнички), Суад Јонузи (Сент Гален, Швајцарија), Ален Личина (Работнички), Георгије Јанкулов (Црвена Звезда, Србија);
Среден ред: Емил Скоко (Македонија Ѓ.П.), Агон Елези (Каен, Франција), Никола Секулов (Јувентус, Италија), Димитар Тодоровски (Работнички), Влада Новевски (Војводина, Србија), Амар Колашинац (Олимпија, Словенија);
Напад: Кире Трпчевски (Њу Старс), Куштрим Таири (Шкендија), Ален Јусуфов (Винер Спортклуб, Австрија), Муарем Сујхељ (Шкупи), Џемал Ибизи (Вардар), Давид Тошевски (Работнички).
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра против Босна и Херцеговина на 2 октомври во 15 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.