(ВИДЕО) Митевски: Општина Петровец од рурално место полека но сигурно се претвори во посакувана локација за живеење

Од:

„За секој човек голема е мотивацијата кога неговите дела ќе останат, ќе живеат меѓу народот и ќе помогнат да се подобри квалитетот на нивното живеење.

Свесен сум за одговорноста што ја имам пред сите вас и во ниту еден момент не се поколебав и не почувствував недостаток на енергија затоа што во текот на изминатите години, општина Петровец од рурално место полека но сигурно се претвори во посакувана локација за живеење и за инвестирање.

Знаејќи ги проблемите со кој се соочуваат моите сограѓани во мојата нова програма се понудени и токму и решенија за тие проблеми.

Ќе спомнам само дел од најкрупните проекти кој ќе бидат реализирани во наредниот период:

Изградба на пешачка патека од Петровец до излезот на Ржаничино.

Изградба на културен дом во населеното место Петровец.

Изградба на мост на реката Пчиња во Долно Коњари.

Асфалтирање и поплочување на локални улици во сите населени места.

Изработка на нов урбанистички план за домување со повеќе од 120 локации во населено место Петровец.

Завршување со изградба на комуналната инфраструктура во сите населени места.

Сите мои ветувања до сега беа реализирани, а реализиравме и големи проекти кои не беа ветени во мојата претходна изборна програма.

Во мојата нова програма ви ветувам со транспаретна и напорна работа како до сега така и во иднина заедно со сите вас ќе ги реализирани сите проекти, а со една единствена цел да ги подобриме условите за живеење на сите граѓани во нашата општина“, изјави Борче Митевски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Петровец.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори

Локални избори во Хрватска: Излезноста на гласачите до 16.30 часот е 23,45 отсто

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи