Захариев: Кејското уредување на реката Брегалница почнува од наредната година

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери за општина Штип, Илчо Захариев на денешната прес-конференција најави дека еден од приоритетните проекти е продолжување на пешачката патека покрај реката Брегалница, која во изминатите неколку години е еден од проектите, кои штипјани го поздравуваат.

– Еден од поголемите проекти во изминатите четири години беше изградбата на пешачка патека на реката Брегалница од населбата Ново село до населбата Балканска. Изградивме шест километри патека. Во наредниот период еден од приоритетите е да ја довршиме оваа патека најнапред до населбата Стар Караорман, а потоа да ја продолжиме до населбата Долни Балван и Таринци. На тој начин ќе го заокружиме тој проект, кој ќе овозможи да имаме 12 километри патека за пешачење, рече Захариев.

Тој на денешната прес-конференција најави дека на пролет во 2018 година локалната власт ќе почне и со друг голем проект, а тоа е кејското уредување на реката Брегалница.

– Кејското уредување на реката Брегалница е на исти принцип како и на реката Отиња и тоа на влезот на Брегалница во населбата „8 Ноември“, па се до бањата Кежовица. Тој проект имаме сила, имаме средства наши буџетски, општински, имаме енергија, имаме знаење и имаме искуство како на реката Отиња да го завршиме за наредните четири години, вели Захариев.

Захариев истакна дека со реализирањето на овој проект реката Брегалница ќе биде уште поблиску до граѓаните, а исто така со уредувањето на коритото ќе се реши и проблемот со надоаѓањето на водостојот во текот на зимскиот и пролетниот период. Тој додаде дека кејското уредување на Брегалница нема да чини многу, бидејќи општината ќе издвои пари само за цемент, каменот е донација од рудникот Бучим, а изградбата ќе ја реализираат екипите на двете штипски јавни претпријатија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он