Група поранешни вработени, новинари и технички персонал, ќе поднесуваат кривична пријава против одговорните во ТВ Нова повикувајќи се на член 166 од к.з кој се однесува на дела против работните односи, а поради неисплатени плати за месец јули и август. Случајот новинарите го пријавиле и во трудовата инспекција која треба да го задолжи управителот во рок да ги подмири долговите кон вработените, во спротивно прекршочно ќе одговара.
Во меѓувреме на оние кои сеуште се во работен однос, пред два дена им бил префрлен на сметка аванс за октомври. Неофицијално, сопственикот е во потрага по купувач на телевизијата кој ќе ги преземе долговите кон доверителите, а главен линк за тоа е братот на еден поранешен министер.
Според информации од телевизијата лица од странство биле во обиколка на медиумот заедно со Кочан. Телевизијата последните неколку месеци ја напуштија околу половина од првично вработените.
Телевизијата почна да има проблеми по службениот пат, односно бегството на Кочан, но и по заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власта.