Честитка од Иванов по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците денеска упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Македонија.

– Во мое име и во името на сите граѓани на Република Македонија, би сакал најсрдечно да ви го честитам 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, и да ви посакам добро здравје, успех и благосостојба. Како и речиси сите балкански држави, и Македонија во еден период од историјата беше дел од Османлиската Империја. Но, за разлика од речиси сите други балкански држави, Македонија не го отфрли, туку го прегрна најдоброто и највредното од ова наследство, а тоа е моделот на соживот, почитување и прифаќање на различноста. Празнувањето на 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците е симболичен израз на длабоката и реална почит што Република Македонија ја има за своите граѓани кои се дел од бошњачката заедница, пишува Иванов во честитката.

Со сета своја културна, јазична и религиска различност, како што посочува претседателот, бошњачката заедница го збогатува македонското мултиетничко општество.

– Делата со кои придонесувате кон демократскиот и економскиот напредок и промовирањето на нашата заедничка татковина се најдобар доказ дека вие, Бошњаците, сте лојални граѓани на Македонија. Со сето тоа, вие придонесувате кон градењето на меѓусебната доверба во нашето општество, која ни е потребна повеќе од кога и да било порано. Затоа, наш завет е и во иднина да продолжиме да градиме мостови на пријателства и заедно да чекориме кон заедничката европска иднина на Република Македонија, наведува претседателот Иванов во честитката.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски