Демократската парија на Албанците (ДПА) вечерва одржа предизборен митинг во основното училиште „8-ми Mарт“ во селото Челопек каде зборуваа претседателот на ДПА Мендух Тачи и носителот на листата за советници во општина Брвеница од оваа партија Арбен Руфати.
Претседателот на ДПА Тачи посочи дека на овој митинг доаѓаат по одржаните средби со жителите на општините Студеничани и Долнени и оти во овие две локални самоуправи заедно со Брвеница има ризик Алабанците да ги загубат местата на претстојните локални избори.
– Мора да се мобилизираме за да ја подржиме нашата советничка листа во оваа општина. Политиката водена по 2001. година и катастрофалното водење од страна на ДУИ не донесе во ваква состојба да постои ризик да загубиме во овие општини како и во Струга, Кичево, Дебар, Брвеница и во уште неколку општини. Мора да се ангажираме сите Албанци да се спречи ова, а јас немам дилема дека ќе ја подржите нашата листа во општина Брвеница за да се спречат овие лоши последици, рече Тачи.
Носителот на советничката листа за општина Брвеница Арбен Руфати пред присутните претстави дел од изборната програма.
– Сакам да ги завршам сите почнати проекти од претходните локални валсти како што е доизградбата на училиштето во Гургурница и поставување на парно греење, завршување на канализацијата во Долни Челопек, асфалтирање на повеќе улици низ сите населени места како и на локалниот пат помеѓу Милетино и Теново, унапредување на спортот и културата преку подршка на фудбалскиот клуб Беса од Челопек и повеќе културно уметнички друштва во оптината посочи Руфати.
На овие локални избори ДПА во општина Брвеница оди само со советничка листа, а ќе ја подржат независната кандидатура на досегашниот градоначалник Енвер Пајазити. И од ДУИ највија дека за општина Бртвеница ќе ја подржат кандидатурата на Пајазити.