А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Со закон Албанија признава осум малцинства меѓу кои и македонското

by А1он27/09/2017 - 17:2668
Share0

Во Албанија се признава постоењето на осум национални малцинства а тоа се Македонците, Грците, Египќаните, Власите, Ромите, Црногорците, Србите и Бошњаците.

Добивај вести на вибер

Ова стои во текстот на Предлог-законот за заштита на малцинствата во Албанија, кој веќе влезе во собраниска процедура, а со кого се предвидува унапредување на моментната состојба со правата на малцинствата.

Поздравувајќи го финализирањето на процесот на донесување на Предлог-законот, кој едногласно е подржан на вчерашната седница на законодавната парламентарна комисија, македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана посебно го нагласува фактот што официјална Тирана ја прикажува реалната слика околу тоа кои малцинства живеат во државата.

– Тоа е албанската реалност кога станува збор за малцинствата. Во законот јасно е наведено кои малцинства живеат во Албанија, значи не се признава постоење бугарско малцинство, како што тоа некој се обидуваше во изминатот период. Сите здруженија на Македонците категорично се спротивставувавме на разните изјави за наводно постоење на бугарско малцинство. Во Албанија немало и нема Бугари, туку само Македонци, наведуваат од друштвото.

Според предлагачите на Законот, тој е во согласност со препораките на ЕУ и во него се регулираат сите права кои им припаѓаат на малцинствата.

Ваков закон Албанија носи по првпат и е еден од приоритетните закони што ги бара ЕУ.

albanija

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар во Тирана, најамалку 11 повредени

Катерина Ѓуровски15/04/2026 - 08:37

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 11:06

Стоп за ризична пратка: АХВ не дозволи влез на јагнешка кожа од Албанија

Горан Наумовски08/04/2026 - 14:17

(ВИДЕО) Протест во Албанија: Фрлени молотови коктели врз владата

Горан Наумовски23/03/2026 - 10:29

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Горан Наумовски17/03/2026 - 17:36

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија: Пиротехника, но и Молотови коктели се фрлаа кон зградата на владата

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:4120/02/2026 - 22:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто