(ВИДЕО) Наумоски: Граѓаните од нас очекуваат нов пристап на раководење, отвореност и енергичност

Од:

Кандидатот за градоначалник на СДСМ во општина Ѓорче Петров денеска најави грижа за чиста животна средина.

По победата, со кофинансирање мора да се променат фасадите и покривите на зградите, заради зголемување на енергетската ефикасности за да се намали употребата на огревно дрво преку зимата. Паралелно и со гасификацијата на јавните објекти да ja намалуваме загаденоста на воздухот.

– Нашите деца да дишат чист воздух. Поради урбаниот хаос зеленилото го снемува, затоа плански да градиме нови паркови и да се грижиме за постојните. Планираме реновирање на централниот парк во Ѓорче со нови содржини со акцент на зеленилото. Нови зелени провршини и мини паркови кои ќе се наводнуваат со сопствени бунари на техничка вода во Дексион, Даме Груев и во другите населени места, согласно планската документација, изјави денеска Александар Наумоски.

Најави реновирање на сите паркови во состав на зградите, секоја градба и проект да имаат Оценка на влијанието врз животната средина.

– Граѓаните очекуваат од нас нов пристап на раководење, отвореност и енергичност, бидејќи сериозно го разбираме нивниот револт за запуштеноста на Ѓорче, рече Наумоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он