Јорго Огненовски, независен кандидат за градоначалник на општина Битола

Од:

Независниот кандидат за градоначалник на општина Битола Јорго Огненовски најави дека доколку ја добие довербата на битолчани и биде избран за градоначалник ќе пренесе дел од искуствата што ги стекнал и воочил од организираните општини во САД, посебно во Лос Анѓелес каде што живеел.

– Ќе работам за граѓаните на Битола затоа што не сум поврзан со ниту една политичка партија. Мојата цел е да го уништам политичкиот криминал, митото и корупцијата, стопанскиот криминал во Битола. Ќе овозможам нови вработувања со висок стандард на живеење, подобар спорт, планска Битола и посебна поддршка и помош на социјално загрозените сограѓани за да излезат од оваа беда и сиромаштија, истакна Огненовски.

Независниот кандадат за градоначалник на општина Битола Јорго Огненовски изјави дека доколку биде избран за градоначалник својата месечна плата ќе ја донира во фонд за сиромашни лица и семејства.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он