Во градското пристаниште во Копенхаген љубезно ќе ви посака добредојде Малата сирена, а откако убаво ќе ја набљудувате и фотографирате, можете да продолжите да го разгледувате останатиот дел на главниот и најголем град на Данска.
Малата сирена
Скулптурата Малата сирена стана еден од препознатливите симболи на градот. Нејзината изработка ја порачал Карл Јакобсен како подарок на градот пред 102 години.
За скулптурата инспирација доби од приказната за Малата сирена и изведбата на балерината Елен Прајс, која го играше нејзиниот лик во претставата во Кралскиот дански театар во 1909 година.
Иако вандалите ја уништувале неколку пати, властите брзо ја обновувале, така што Малата сирена и денес гордо стои на својот камен на пристаништето и ги дочекува посетителите на Копенхаген.
Замок Амалиенборг
Замокот Амалиенборг се смета за еден од најдобрите дела на рококо архитектурата во Данска. Тој се состои од четири идентични згради меѓу кои се наоѓа плоштадот, изграден во 1700 година како резиденција на данските кралеви. Амалиенборг и денес е потсетник на данското племство. Во една од зградите е сместен музејот каде можете да видите како некогаш живеело данското племство и како живее денес, а секој ден попладне можете да присуствувате на смените на кралската стража.
Кружната кула
Оваа кула од 17 век е најстара опсерваторија во Европа. Изградена е од Кристијан Четврти по смртта на познатиот дански астроном Тихо Брах. Освен погледот кон небото, од опсерваторијата се гледа преубав поглед на стариот дел на градот, а внатре на местото на некогашната книжара, кој ја посетувал и Ханс. К. Андерсен, се наоѓа изложбен простор.
Работното време за пеиродот од 21 септември до 15 октовмри е од понеделник до недела од 10 до 18 часот.
Националната галерија на Данска
Најголем музеј на уметноста во земјата е Националната галерија Данска. Во музејот се чуваат уметнички дела од периодот на ренесансата и европската класика се до современата уметност, а може да се пофали и со една од најдобрите колекции на Матисовите дела во светот.
Овој музеј не е оаза за возрасни, туку содржи богата програма и за деца која вклучува разгледување со кустос, работилница и соба за цртање и детски изложби.
Работното време на галеријата е вторник, четврток, петок, сабота и недела од 10 до 17 часот, а во среда галеријата е отворена подолго и работи до 20 часот.
Националниот музеј
Главна историска и културна инситутција на Данска е Националниот музеј, во кој се чуваат експонати, кои потекнуваат од Каменото време, потоа од времето на Викинзите, Средниот век и ренесансата, па се до денес. Музејот е сместен во Принцовата палата од 17 век, а во постојаната поставка се наоѓаат колекции на антиквитети, монети, модели и музеј играчки. Како и Националната галерија и Музејот има посебна програма за деца.
Работното време е од вторник до недела од 10 до 17 часот.
Замокот Росенборг
Во Замокот кој го изградил кралот Кристијан Четврти во 17. век и денес се чува кралското богатство на Данска. Накитот се чува во посебни сефови, а се состои од четири главни сета – дијаманти, рубини, бисери и смарагди. Тие се меѓу најдобрите во светот. Освен тоа во замокот можете да ја разгледате и добро сочуваната внатрешност на собата, која ја користел кралот, салата за крунисување, неговата канцеларија, бањата.