Даути: Изградба на булеварот кај тетовската касарна

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Тетово од редовите на ДПА Бардиљ Даути, денеска одржа прес-конференција на делот од булеварот Благоја Тоска кај тетовската касарна на АРМ. Тој посочи дека незавршувањето на овој булевар е уште едно неисполнето ветување од досегашната градоначалничка Теута Арифи.

– Овој булевар не е на нивото како што сите ние очекувавме дека ќе биде. Иако беше ветувано дека тој ќе биде завршен во овој мандат од градоначалничката но ништо не е направено. Во овој правец има голем број на мали и средни претпријатија и ако овој булевар се направи како што треба тоа ќе придонесе во правец на економскиот развој на овој регион. Ние ветуваме дека во првите шест месеци од мојот мандат овој булевар ќе биде завршен и сите граѓани на општина Тетово ќе ги почуствуваат придобивките од неговата изградба, рече Даути.

Во придружба на Даути денеска беа носителот на кандидатската листа за советници во општина Тетово Аднан Биљали како и повеќе кандидати за советници и членови на ДПА.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски