Марин: Неопходни се мерки за намалување на загадувањето на воздухот во Аеродром

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од коалицијата предводена од СДСМ, Златко Марин денеска најави мерки за намалување на загадувањето на воздухот.

Тој изјави дека Аеродром е една од најзагадените општини и оти се неопходни конкретни мерки за чист воздух, чисти улици и тревници во сите делови на општината.

– Токму тоа го имаме предвидено во нашата програма за престојните локални избори. Гасификацијата ќе биде еден од приоритетните проекти во наредните четири години. Таа ќе придонесе за намалување на загадувањето низ целата Општина Аеродром. Воедно, ќе овозможи намалување на трошоците на семејниот буџет и трошоците на општинските јавни установи, рече Марин.

Тој најави нови садници и зголемување на зеленилото во општината.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски