(ВИДЕО) Тилески: Имам визија како Охрид да продолжи со нови проекти да го усовршува вистинскиот европски и современ лик

Од:

„Како кандидат за градоначалник на градот Охрид, одговорноста е поголема но мотивот е уште посилен. Имам визија и мисија како Охрид да продолжи со нови проекти да го усовршува вистинскиот и европски и современ лик. Со работа, дела и отчетност да се внесе во новата ера, гордо и достоинствено.

Околу мене има тим советници докажани во својата фела, полни со знаење, ентузијазам и со вистинска љубов кон Охрид и охриѓани.

Стратегиските цели на јасно дефинираната програма ќе бидат: работа за сите, економски пораст и развој на Охрид, создавање на нови работни места и намалување на стапката на невработеност и унапредување на туризмот и меѓународна соработка на градот.

Добивајќи ја вашата поддршка за иден градоначалник на локалните избори коишто следат Ве уверувам дека приоритетните проекти ќе бидат реално остварени и целосно покриени од локалната самоуправа.

Дозволете да Ви претставам дел од нив:

– Туризам, туризам, туризам! Силна промоција на туристичките капацитети на Охрид, со сериозна стратегија и пристап, директно придонесуваме во локалната економија која после долги години на пад и стагнација, во последните неколку години даде оптимистички показатели.

– Комплетна реконструкција на Булевар Туристичка, реконструкција на коловозот, атмосферската канализација, водоводна мрежа по потреба, изградба на пешачка и велосипедска патека, хортикултурно уредување.

– Изградба на Кеј – ново лице на градот, ќе се пристапи кон уредување на градскиот кеј при што ќе се изгради модерно шеталиште во кое охриѓаните и гостите ќе можат да поминуваат дел од своето слободно време.

– Реконструкција на плоштадите „Св. Климент Охридски“ и „Крушевска Република“, двата плоштада со нов и модерен лик и изградба на нов плоштад „Студенчишта“ – ново препознатливо место за Охрид со повеќе активности.

– Изградба на велосипедска патека Охрид – „Свети Стефан“, со оваа патека, охриѓани и гостите ќе имаат можност да го користат своето време активно, практикувајќи здрави навики за возење велосипед.

– Изградба на социјални станови, семејствата со социјален ризик да добијат свој дом.

– Нова трибина и соблекувални на Билјанини извори.

– Изградба на повеќенаменски спортски и детски игралишта и балон-сала.

– Бесплатна здрава храна за ученици од прво до петто одделение, грижа за стекнување на здрави животни навики за учениците.

– Субвенционирање на дел од патните трошоци на просветните работници кои патуваат до своето работно место.

– За подобрување на условите во образованието ќе инвестираме во реконструкција на училиштата, градинките, во изградба на училишни спортски сали како и стипендирање на талентирание и социјални категории ученици од Охрид.

– Реконструкција и санација на културно-историските знаменитости, куќите и објекстите што се заштитено културно-историско наследство во Охрид и поддршка на манифестациите кои се обележје на градот.

– Инфрастуктурните активности, реконструкција и уредување на улиците, велосипедските и пешачките патеки, хортикултурното уредување ќе бидат наше секојдневие. Со уредувањето на нови и одржувањето на постојните паркови допринесуваме за поубав и позелен лик на градот.

Со пенкалото се одлучува за нашиот Охрид.

Да продолжиме да чекориме по патот на успехот, тоа е влогот на нашата генерација што мора да го исполниме со мудрост, со чесност и со работа.

Заедно, сплотени, единствени кон победа“, изјави Митко Тилески, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Охрид.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он