„Делчево ќе биде водечка општина во регионот, со висок квалитет на живот, општина која ги соединува локалните и традиционалните вредности, каде поединецот и неговата творечка моќ ќе обезбеди одржлив развој.
Општина Делчево како атрактивна бизнис дестинација со ефикасна администрација и развиена инфраструктура ќе обезбеди високо квалитетни услуги за граѓаните и бизнис заедницата.
Јас и мојот тим издвоивме пет стратешки цели и дефинираше сет на активности неопходни за остварување на поставените цели:
1. Поттикнување на развој на бизнисот и креирање на нови работни места.
2. Делчево – атрактивна туристичка дестинација.
3. Подобрување на руралниот развој.
4. Подобрување на постоечката и развој на нова инфраструктура во Општина Делчево.
5. Подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со потребите на пазарот на труд на Општина Делчево.
Во продолжение ќе спомнам само еден дел од проектите. Тоа се проектите од мојата програма:
1. Изградба на скијалиште на планината Голак.
2.Изградба на нова филтер станица за вода за пиење на Брана „Лошана”.
3.Основање на нова развојна зона во близина на Милково брдо во Делчево и ТИРЗ-Делчево.
4. Изградба на нов современ градски пазар по пат на Јавно приватно партнерство.
5. Изградба на прочистителна станица за отпадни води на градот Делчево.
6. Изградба на голем број на улици во Делчево и руралните населени места.
7. Проширување и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа.
8.Подобрување и зголемување на нивото на услугите во комуналнатасвера преку набавка на нов возен парк и модернизација на јавното комунално претпријатие.
9. Изградба на неколку мултинаменски спортски терени со приоритет на руралните средини и населбите каде што такви не се изградени.
10. Обезбедување на локации за градба на индивидуални објекти за домување.
11. Подобрување на капацитетите за туризам.
12. Зголемување на понудата во делот на културни настани и манифестации.
13. Заштита на природата преку заштита на значајни подрачја и објекти на природата во нашата општина, превенција од елементарни непогоди, создавање на обучени тимови за заштита од елементарни непогоди и нивно опремување.
14. Продолжување на проекти поврзани со квалитот на образованието преку создавање на подобри услови за учениците од Делчево и отварање на уште повеќе на можности преку реконструкција на училиштата, набавка на нај современа опрема за училиштата и обезбедување и зголемување на стипендиите, размена на учениици преку образовните програми кои се на располагање од земји во Европа како и продолжување на трендот на наградување на најдобрите во образованието.
Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го реализираа ветеното. Преку напорна работа, многу труд и посветеност ќе ја претвориме нашата визија и цел за Делчево во реалност. Секогаш работа, Секогаш Делчево. Секогаш Македонија е нашето мото. Работата е нашата одлика, работа за доброто на граѓаните. Одиме напред кон нови победи и успеси за напредно и просперитетно Делчево, со повеќе работни места и подобри услови за живот“, изјави Иван Соколов, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Делчево.