Коневски: Жителите на Табак сити ќе добијат нови детални урбанистички планови

Од:

На денешната прес-конференција во населбата Табак сити, промовираме дел од предизборната програма за претстојните локални избори, изјави кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски.

Она што верувам дека најмногу ги интересира жителите на овој дел од општината е донесување на три детални урбанистички планови за локалитетите Македонија Табак и Индустриска зона. На тој начин граѓаните ќе можат да си ги остварат своите права за регулирање на станбените прашања и имотно-правните односи, особено на оние кои живеат во супстандардни услови, изјави Коневски.

Со реализација на новите ДУП-ови ќе се овозможи изградба на нова инфраструктура и уредување и модернизација и на ова населено место во нашата општина, коешто се наоѓа толку блиску до центарот на градот.

Исто така, ќе обезбедиме средства од Буџетот на Општината и за изградба на нови линии за јавно осветлување за да блесне во нов сјај и оваа населба, рече Коневски.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски