Започнаа 26. „Денови на кочанскиот ориз“

Од:

Дваесет и шестото издание на најголемата стопанско-културна манифестација во Кочани, „Денови на кочанскиот ориз“ започнаа синоќа со изложба на ликовни дела на членовите на Школата за цртање и сликање која работи при Центарот за култура „Бели мугри“.

На изложбата се поместени 86 дела работени во повеќе техники и претставува ретроспектива на најуспешните творби на младите ликовни творци од Школата за сликање и цртање, од кои дел се и наградени на меѓународни конкурси.

Манифестацијата продолжува со голем број настани на повеќе локации низ градот. Централните настани – Изборот на жетварска убавица, Меѓународниот фолклорен концерт и традиционалните обичаи ќе се одржат на 29 и 30 септември и на 1 октомври. На Изборот на жетварска убавица ќе настапи Сара Мејс, во сабота вечер на Оризовата бела вечер во Трговскиот центар ќе гостуваат Игор Џамбазов и Гуру Харе, а во недела во Паркот на Револуцијата ќе пее Ефто Пупиновски.

Годинава на манифестацијата ќе учествуваат фолклорни, ритмички и музички состави од Бугарија, Црна Гора, Унгарија, како и играорците од ФА „Етнос“ од Скопје и „Пере Тошев“ од Прилеп.

За време на манифестацијата во Кочани ќе престојуваат делегации од седум држави: Кина, Унгарија, Словенија, Хрватска, Бугарија и Република Српска.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани