Смилевски: Гасификација во Бутел и намалување на разликата меѓу градските и селските средини

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Бутел од редовите на коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ, Велимир Смилевски најави дека ќе работи одговорно и домаќински и оти ќе обезбеди поудобен и поекономичен живот за сите граѓани во општината.

– Идејата е да ја намалиме разликата помеѓу градските и селските средини. Еден од моите клучни проекти е гасификација на општината. Гасот ќе биде присутен во секое домаќинство, училиште и детска градинка кој ќе придонесе сметките за електрична енергија да бидат помали, домовите потопли, а воздухот почист, изјави Смилевски.

Тој додаде дека општината Бутел поради богатењето на функционери од ВМРО-ДПМНЕ и казнувањето на фирми по партиска директива станала една од најсиромашните без канализација со септички јами, пешачки премини и неасфалтирани улици.

Инаку, од штабот на СДСМ во Бутел утринава информираа дека во населбата Расадник во општина Бутел е искршен месниот штаб на партијата. Искршени се прозорците и влезната врата на штабот, искинати постерите и оштетена светлечката реклама.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски